БЕСПЛАТНО НА ФАЈНАЛ ФОРОТ ВО СЕХА ЛИГА

11.04.2012 14:48
portfolio-seha-mash-1316551760_resize

Фајнал форот на машката Регионална (СЕХА) лига ќе се одржи во загребска “Арена“ на 14 и 15 април.

Металург ќе настапи веќе во првиот полуфинален натпревар против Татран од Прешов (Словачка). Оваа средба е закажана со почеток во 15.30 часот. Во второто полуфинале кое почнува во 18.00 часот ќе се сретнат екипите на КО Загреб и Вардар ПРО.

Во недела се играат натпреварите за трето место (15.30 часот) и финале (18.00 часот).

Организаторите на турнирот овозможија бесплатен влез за сите натпревари. Влезниците ќе се делат на благајната на “Арена“.

За љубителите на ракометот во Македонија обезбеден е тв пренос на МРТВ.

Инаку, да потсетиме дека постои и награден фонд кој изнесува 25.000 Евра со кој ќе се наградат првите четири екипи (1. место/10.000, 2./7.000, 3./4.000. 4./2.000 + по 1.000 Евра награда за најдобриот играч и најдобар голман на завршниот турнир).

Прочитано 814 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + = 10