БЕТОН СЕ ПРОБИ ДО ВТОРОТО МЕСТО

11.06.2012 19:13
DSC_0324_resize

Дербито кај генерација 98/99 се одигра помеѓу екипите на Дуферко и Бетон. Домашниот состав, Дуферко, до минатото коло водечки во оваа генерација, не издржа во трката за првото место. Од како во минатото коло ремизираше со сега веќе шампионската екипа на Нова Македонија, во ова последно коло загуби од екипата на Бетон.

Гостинската екипа, предводена од денес феноменалниот Овнарски кој постигна 8 гола, на крајот го зазеде одличното второ место.

Ако во првото полувреме се водеше колку толку рамноправен натпревар, во вториот дел момчињата на Бетон ги декласираа врсниците од Дуферко.

Дуферко – Бетон   6:14  (3:5)

Дуферко: Поповски 1, Налетовски, Геговски 2, Велевски 1, Томчевски, Силјановски, Савиќ 1, Велјановски, В.Стојковски 1 и Б.Стојковски.           Тренер: Слободан Чивлачки.

Бетон: Христов, Стојковски 1, Бошковски, Весов, Маџаров, Ниневски 3, Салемовски, Данчевски, Наковски 1, Бошков, Овнарски 8, Стојов, Рајчин, Дрндар, Серафимов 1 и Брунчевиќ.              Тренер: Никола Матлиевски.

Судија: Кристијан Павловски.

Делегат: Капсарева Михаела.

Лекар: Александра Стојановска.

Прочитано 187 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 5 =