БЕЗ МНОГУ НАПОР, МЕТАЛУРГ ГО СОВЛАДА ВАРДАР ПРО

27.03.2013 22:13
DSC_0092_resize_resize

По домашниот пораз на тимот на Загреб од екипата на Брест Мешков во СЕХА-лигата стана сѐ јасно. Без разлика од исходот од денешната средба, Металург и Вардар ПРО веќе си имаа закажано средба во полуфиналето од завршниот турнир во регионалното натпреварување. Тоа ги намали тензијата и значењето на денешниот натпревар, а тренерите добија можност да одморат некои од своите ракометари. Така, во составот на Металург не се појавија Козлина и Георгиевски, а Станиќ го преседе натпреварот на клупата. Но бидејќи секогаш се работи за престиж, а бевме и поразени во контроверзниот натпревар на теренот на денешниот противник, нашите ракометари играа да победат. Денеска до победата дојдовме многу полесно од очекуваното. Вардар во текот на целата средба беше во подредена состојба, а едно израмнување (5:5) е целиот негов денешен успех.

Уште во самиот почеток на натпреварот Металург успеа да направи солидно водство од +3 (4:1), но благодарение на Даскаловски, Вардар ПРО успеа да се врати на натпреварот и во 18. минута да дојде до првото (и последно) израмнување на натпреварот (5:5). Сепак, Вугринец (2) и Златко Мојсоски повторно ни ја вратија предноста во 21. минута. Во последните четири минути од првиот дел Вугринец, Наумче Мојсовски и Алушовски направија серија од 3:0 и стигнавме до високи +5, 12:7, што е и краен резултат на првата половина од средбата.

Ваквата разлика се задржа до 48. минута, кога, денеска извонредниот, Ангелов му одбрани седмерец на Рајковиќ, а во контранапад Вугринец го постигна својот петти гол, за прво водство од +6, 21:15. Веќе во наредниот напад на Вардар, новото засилување на Металург, Коражија, одлично ја украде топката, па преку Вугринец таа стигна до Ванчо Димовски, кој го постигна својот прв гол за највисокото водство на натпреварот од +7 (22:15). Истата разлика ја имавме и при 24:17 и 25:18. Последниот гол на средбата го постигна Филип Лазаров, за крајни 26:21.

Најекспониран ракометар на средбата беше нашиот Петар Ангелов, кој одбрани 14 тешки удари и еден седмерец.

Средбата помина во коректна атмосфера, која нималку не личеше на натпреварот одигран во салата „Кале“. Фрлање ролни хартија, монети и запалки е туѓ специјалитет, кој нема место во салата „Автокоманда“.

РК Металург – РК Вардар ПРО  26:21  (12:7)

РК Металург: Ангелов (14 одбрани + седмерец), Станиќ, Ракчевиќ 1, Левов 1, Димовски 1, Вугринец 6, Миркуловски 4, Маркоски, З.Мојсоски 3, Додер, Н.Мојсовски 6, Батиновиќ 3, Јоновски, Мандиќ, Алушовски 1 и Коражија.    Седмерци: 3/4.     Исклучувања: 12 минути.   Црвен картон: Аце Јоновски  (3х2 минути).

РК Вардар ПРО:  Даскаловски (10 одбрани), Чаневски, Лазовиќ 2, Ојлески, Маркоски 1, Недановски 1, Прибак, Драгаш 1, Раковиќ 2, Петриќ 1, Јовчевски, Марковиќ 1, Лазаров 2, Карачиќ 5, Рајковиќ 4 и Абутовиќ 1.     Седмерци: 0/1.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Матеја Губица и Борис Милошевиќ од Хрватска.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

Петар Ангелов – Диви:

Прочитано 1.709 пати

(3) Коментари

  1. Kako moze Petar Angelov da ne e na spisokot na reprezentacija? Lino trebal da mu kaze na Obrvan, Divi da bide u sostav

  2. И јас мислам дека Диви мораше да биде во составот на нашата репрезентација за натпреварот со Шпанија. Со своите одбрани вчера, на мечот со Вардар про, на сите уште еднаш им докажа колку добар голман е, а особено како добро брани пенали

  3. Bravoooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooo oo Meettttttaaaaallllllllllllllluuuuuuuuurrrrrrrrrrrrrrrrrrrrgggggggggggggggggggggggggggggggg

Напишете коментар


9 + 3 =