БИТКАТА СО КАРЛОВАЧКА ПИВОВАРА

25.12.2011 20:23
DSC03349_resize_resize

Во 1993 година, по елиминацијата на белгискиот Херстел. во 2-то коло на Купот на градовите на ЕХФ, Металург доби исклучително силен противник во третопласираната екипа од хрватското првенство, Карловачка Пивовара од Карловац.

Првиот натпревар, одигран на 30 октомври,  Металург го загуби со високи 21:13. Тоа беше чуден натпревар, одигран во Јастребарско, на само 20 км од хрватското боиште. Во далечината, постојано се слушаа детонации, а пола од присатните беа облечени во војни униформи. На тој притисок подлегнаа и турските судии кои одвај го чекаа крајот на натпреварот, за да што побрзо си одат дома.

Како и да е, реваншот се одигра во Скопје, на 6 ноември, во спортската сала “Кале“, пред 2000 гледачи. Судеа унгарците Клуксо и Лексрински.

Натпреварот почна во фуриозна игра на Металург. Нашите ракометари, како стампедо, јурнаа кон голот на противникот. Веќе во 7-та минута имаа предност од 6 гола, а во 10-та минута и цели 7 гола разлика (8:1). Се чинеше дека гостинот ќе доживее вистинска хаварија. На полувреме се отиде со потребните 8 гола разлика (15:7). Второто полувреме, нажалост, ја промени целата слика. Металург го плати цехот на неискуството во таков вид натпревари. Наместо да го “дотепат“ грогираниот противник со колективната игра од првото полувреме, нашите ракометари се впуштија во индивидуални акции со многу грешки. Таквата игра ги препороди хрватите, разликата се намали на 4,5 гола, и се одржа скоро до крајот на натпреварот. Во последните минути, Металург се отрезни и заигра поамбициозно, но тоа сепак не беше доволно. Победата од 25:18, остана само “пирова“ победа. Металург испадна од Купот на градовите на ЕХФ.

Металург Огномак: Симиќ, Велков, Петревски 5, Давков, Пеци 2, Стојановиќ 3, Давковски, Јовановски 4, Стојановски 4, Ристевски, Е.Стојановски 7.

Карловачка Пивовара: Радек, Павловиќ, Ковачевиќ 1, Магдиќ 1, Франковиќ 5, Вукиќ 2, Стрииќ, Шустер, Гојсовиќ, Хегиќ 5, Мрзљак, Вујаклија 4.

Фото:

Прочитано 222 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 6