Блажевска: Задоволна сум од ждрепката, противникот нема да го потцениме

28.07.2020 13:36
DAR_5407_resize

Претседателката на Металург, Зорица Блажевска, е задоволна од противникот кој го добивме на денешната ждрепка во Виена и веќе контактираше со раководството на нашиот иден ривал.

Во моментов имаме тим кој можеше да се носи со секоја екипа од можните противници. Никого не потценивме, никого не преценивме. Задоволни сме од ждрепката, тренерот Кастратовиќ со тимот веќе работи на анализа на противникот, јас веќе имав контакт со нашите пријатели од управата, Рељановиќ и Мечиќ. На взаемно задоволство, нашите тимови прв пат ќе се сретнат во новоформираната Лига на Европа“. вели Блажевска.

Првата средба од овој двомеч ќе се одигра на 29 август во Скопје, додека реваншот ќе се одигра на 5 септември во Винковци.

Прочитано 683 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 2 =