Бобан Каковски е новото засилување на Металург

03.07.2021 11:30
209474911_191566472794446_8738639456867631330_n_resize

Металург денеска го потпиша своето четврто засилување за претстојната сезона и овој пат се работи за млад и талентиран македонски ракометар. Нашиот дрес во идните четири години ќе го носи средниот бек Бобан Каковски (21), кој кај нас доаѓа од Голден Арт КЛ7.

Каковски потекнува од ХЈС (ракометна јуниорска школа) во Битола, која подоцна еволуираше во Работник, па во Еурофарм Работник, денеска Еурофарм Пелистер. По заминувањето од Е.Пелистер, Каковски потпиша за Голден Арт КЛ7 од каде и доаѓа во Металург.

Бобан Каковски има и репрезентативно искуство, бидејќи бил дел од кадетската и од јуниорската репрезентации на Македонија.

За мене е големо задоволство и голема чест што потпишав за клуб каков што е Металург, кој има долга и богата историја. Клуб кој во блиското минато ги победувал најсилните екипи во Лигата на шампионите и чиј дрес го носеле многу славни ракометни имиња. Посебно сум горд што ќе продолжам да се развивам под раководството на тренерот Иван Марковски, кого исклучително го ценам. Се надевам дека ќе ја оправдам  довербата на раководството на Металург и ќе го дадам својот допринос во новата сезона“, изјави младиот Каковски.

Фото:

Прочитано 298 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 − = 0