Топ Вести

Богаташите од Париз повторно со празни раце

26.05.2018 16:31
33663752_10155744503313666_6015083912588427264_o

Првото полуфинале во Лигата на шампионите донесе големо изненадување – екипата на Нант го елиминира тимот на ПСЖ, кого го совлада со резултат 32:28 (17:14).

Супербогатиот ПСЖ само во првите неколку минути забележа минимално водство, а во сето останато време од средбата доминираше тимот на Нант, кој повремено водеше и со пет голови разлика.

ПСЖ трета сезона по ред не успева да дојде до драгоцениот пехар во Лигата на шампионите и останува да ја видиме реакцијата на нивните арапски сопственици, кои без полза трошат по 15 милиони евра секоја сезона.

Најдобри на средбата беа нашиот капитен Кире Лазаров и пикерот на Нант Турна, кои постигна по 8 гола за победникот. Со овие голови, Лазаров стана најдобар стрелец на фајналфор-турнирите во Лигата на шампионите. Кај поразените најдобар беше Ремили, со 6 постигнати гола.

За половина саат се игра второто полуфинале, во кое Вардар ќе се соочи со најголемото изненадување на сезоната, тимот на Монпелје.

Прочитано 132 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 2 = 10