Борбено реми меѓу пионерите на Металург 2 и на Аеродром

22.09.2019 23:07
DAR_2967_resize

Во рамките на првото коло од пионерската лига, во Автокоманда се одигра вистински дерби натпревар меѓу екипите на Металург 2 и на Аеродром. По многу возбудувања, средбата заврши со поделба на бодовите, што е и најреален резултат според виденото на теренот. Сепак, на крајот на средбата за изгубените бодови можат да жалат и двете екипи. Металург имаше два гола предност на две минути до крај, што во пионерска конкуренција е огромна предност. Но, нашите ракометари прокоцкаа два напади, па примија два гола. Во последните 40 секунди имавме играч повеќе и топка, но изведовме брзоплет напад без резултат, па му оставивме на противникот цели 25 секунди за неговиот последен напад. За среќа се одбранивме, па бодовите рамноправно се поделија.

Инаку, средбата почна во знакот на Аеродром, кој подобро се снајде во почетната фаза. Противникот поведе со убедливи 5:1, пред Металург да ги збие редовите и да почне да возвраќа. Металург прв пат израмни при 6:6, а прв пат поведе при 8:7. Првото полувреме заврши со рамноправни 8:8.

Во второто полувреме темпото го диктираше Металург, кој имаше контрола и постојано водство. Најубедлива предност имавме на самиот крај, но, како што кажавме, не ја сочувавме.

.

РК Металург 2 – РК Аеродром  16:16 (8:8)

РК Металург 2: Грујевски, Филиповски, Петровиќ 1, Насевски 1, Дамовски, Ангелески, Николовски, Ангеловски, Субашевски, Таневски, Јазаџиев 2, Димковски 6, Стевков 1, Гилев 2, Стојановски 3 и Васевски.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 10 минути.

РК Аеродром: Џамбазов, Велков, Николовски, Хаџиристов 1, Наков, Јачев, Тасески, Омерагиќ, Стаменковиќ 2, Ф.Петрески, Петров, Б.Петрески 1, Гацев 4, Идризи 1, А.Петрески 7 и Кралески.    Седмерци: 1/1.     Исклучувањ: 6 минути.

Судии: Огњаноски Марко и Савиќ Дамјан од Скопје.

Делегати: Белимов Кристијан од Скопје.

Прочитано 550 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 8