Борец без шанса против разиграниот Металург 2

07.04.2018 14:46
_DSC0038_resize

Во второто коло од плејаутот на првенството на Македонија, екипата на Металург 2 во Автокоманда ја пречека екипата на ГРК Борец. Овој натпревар беше од исклучително значење за двата тима, во борбата за опстанок во Суперлигата, но и за пласман до осмото место во конечната табела.

Денеска нашите млади ракометари одиграа навистина добар натпревар и не му дадоа ниту мала шанса на својот противник. Велешани поведоа во својот прв напад, а се потоа беше во знакот на Металург 2, кој го презеде водството и го задржа до крајот на средбата. Во првото полувреме Металург 2 играше лесно и брзо и имаше постојана предност од 2 до 3 гола, иако и Борец знаеше да се закани, па и да го израмни резултатот. На одмор екипите заминаа при резултат 14:12 за нашиот тим.

Вистинската разлика во квалитетот на двата тима се виде во второто полувреме, кое нашите ракометари го одиграа како по ноти. Многу брзо разликата се искачи на пет гола, а потоа и на денеска максимални седум гола, 28:21, после што беше јасно дека бодовите ќе останат во Автокоманда.

Во следното коло Металург 2 ќе има тешка задача, бидејќи и гостува на екипата на Радовиш.

.

РК Металург 2 – ГРК Борец  30:25 (14:12)

РК Металург 2: Петковски, Василевски, Смилевски, Гошевски 4, Савковиќ, С.Додиќ 3, Лембанов 2, Младеновиќ 4, Гајиќ 4, Тодоров, Кондев 4, Митиќ 4, Ристовски 3, Костески 2 и Кофиловски.    Седмерци: 3/5.   Исклучувања: 10 минути.    Црвен картон: Глигор Гајиќ (3х2 минути).

ГРК Борец: Павловски 5, Јаневски 2, Јордановски, Постоловски 2, Јанков, Смилев, Органџиев, Николов 5, Солев, Петровски, Мачевалов 4, Минов, Лазаревски 7, Ристовски, Ристов и Димовски.   Седмерци: 2/5.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје.

Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

Прочитано 180 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 6 = 7