БОРИС ДВОРШЕК: ОДЛУЧИ ИСКУСТВОТО НА МЕТАЛУРГ

07.12.2013 23:29
Boris-Dvoršek_resize

rk-metlurg-logo_final_resize

На редовната пресконференција по натпреварот свои видувања дадоа тренерите на двете екипи:

Борис Дворшек: Два фактори влијаеја на нашиот пораз: искуството на ракометарите на Металург, во прв ред на Атман и на Вугринец, но и големиот број на промашени зицери. Му честитам на Металург и на колегата Червар на заслужена победа. Имаме една седмица да се подготвиме и да се обидеме да смислиме како да победиме во Скопје.

Лино Червар: Им честитам на моите ракометари за одличниот натпревар. Сметам дека ние денеска имавме добар ден, додека, пак, Загреб промаши премногу удари, што ние знаевме да го искористиме. Му честитам на колегата Дворшек на добриот натпревар, на играчите на Загреб за фер и коректната борба, но и на сите мои пријатели кои срдечно ме дочекаа. Најубаво е, сепак, кога си повторно дома.

Прочитано 1.522 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + 7 =