Братскиот натпревар заврши со очекувана победа на поискусниот Металург

12.12.2015 20:39
_DSC0280_resize

za tekst

Денеска во Автокоманда се одржа средбата меѓу двете наши екипи, Металург и Металург 2, која очекувано заврши со убедлива победа на поискусниот Металург.

Првото полувреме Лино Червар го одигра со својот прв состав, но со Томовски на голот. Овие ракометари, прекалени во битките од Лигата на шампионите, немаа проблем да го најдат патот до голот на Блажевски, па затоа брзо создадоа предност, која на крајот од полувремето изнесуваше 9 гола, 17:6.

Вториот, пак, дел го одигра втората постава на Металург, која сепак беше пресилна за младиот тим на Маталург 2 и која на крајот ја зголеми разликата на цели 19 гола, 35:16.

Металург – Металург 2   35:16 (17:6)

Металург: Томовски, Вуковиќ, А.Пешевски, Мраковчиќ 2, Маџовски, Божовиќ 3, Костески 4, Матиќ 2, Бувиниќ 3, Матијашиќ 4, Кузмановски 3, Кукоски 2, Крстевски 1, Велковски 7, Ж.Пешевски и Палевски 4. Седмерци: 1/2. Исклучувања: 4 минути.

Металург 2: Блажевски, Петковски, Доневски, Реџиќ, Петрески 1, Шулевски, Стојковски 3, Бошковски 1, Димитриоски 4, Стојменов, Шилегов 3, Лембанов, Смилевски 1, Митревски 2, Лазаревски 1 и Гошевски. Седмерци: 3/3. Исклучувања: 2 минути.

Судии: Начвски Виктор и Божиновски Даниело од Скопје.

Делегат: Николов Стојан од Скопје.

Прочитано 762 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 7