Бразилецот Енрике Тешеира е нов ракометар на Металург

15.05.2020 13:42
BERLIN, GERMANY - JANUARY 15: Henrique Teixeira of Brazil is cahllenged by Sergey Gorpishin and Dmitrii Kovalev during the 26th IHF Men's World Championship group A match between Russia and Brazil at Mercedes-Benz Arena on January 15, 2019 in Berlin, Germany. (Photo by Martin Rose/Bongarts/Getty Images)

Креаторот на бразилската репрезентација, Енрике Тешеира (31 г., 192 см, 95 кг.), е нов ракометар на Металург, со кого Тешеира потпиша едногодишен договор.

Тешеира игра на позиција среден бек, а потекнува од бразилскиот клуб Маринга. Во Бразил играше уште за најуспешниот бразилски клуб Таубате, пред да се пресели во Асобал лига, каде настапуваше за екипите на Гранољерс и на Хуеска. Во 2018 година се сели во Романија, каде ги брани боите на ЦСМ Букурешт, од каде и доаѓа во Металург.

Тешеира за бразилската репрезентација одигра 120 натпревари и постигна 178 голови. Беше дел од репрезентацијата на последното СП во 2019 година во Германија и во Данска. На Пан-Американските игри во 2018 година е прогласен за најдобар играч.

Тешеира е четвртото засилување во Металург, по Момир Рниќ, Бранко Канкараш и Никола Потиќ.

Прочитано 1.300 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 7 = 2