Брест Мешков е победник на турнирот во Чехов

18.08.2019 20:13
1

Во Чехов (Русија) заврши турнирот “Куп на Гувернерот“ на кој, покрај Металург, учествуваа и екипите на Чеховски Медведи, Брест Мешков и Стеауа.

Металург, кому овие натпревари му беа први во фаза на подготовките и кој допрва ја гради својата игра и својата форма, на овој турнир го зазеде четвртото место. Својата шанса за подобар пласман Металург ја испушти денеска против Стеауа. Средбата ја загубивме, иако пред самиот крај имавме предност од три гола.

Победник на турнирот е екипата на Мешков Брест, која во решавачкиот натпревар го совлада тимот на Чеховски Медведи, со минимални 32:31 (15:15).

.

Пласман на турнирот:

1. Мешков Брест

2. Чеховски Медведи

3. Стеауа

4. Металург

Прочитано 198 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 3