Брестовац ги одбра 22-та ракометари за подготовките

05.06.2019 16:30
mkd-isl-banskoliev-4

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, одбра 22 репрезентативци со кои ќе ги одработи подготовките за претстојните мечеви со селекциите на Турција и на Грција, во квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година, што ќе се игра во Австрија, Норвешка и во Шведска. Собирот на репрезентацијата е закажан за в сабота, од 13 часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Од поширокиот список на селекторот отпаднаа Мартин Поповски, Марко Кизиќ, Марко Мишевски, Михајло Младеновиќ, Гоце Ојлески и Дарко Димитриевски. Дебитант во сениорскиот состав е кадетскиот репрезентативец, десното крило Ненад Костески.

Список на репрезентативци:

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски и Мартин Томовски.

Крила: Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Димитар Димитриоски, Гоце Георгиевски и Ненад Костески.

Бекови: Филип Талески, Филип Кузмановски, Мартин Манасков, Марио Танкоски, Горан Крстевски, Кирил Лазаров, Томислав Јагуриновски, Мартин Серафимов, Велко Маркоски и Милорад Кукоски.

Пикери: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски и Филип Арсеновски.

Прочитано 747 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 5 =