Брестовац ги одбра репрезентативците за двете средби во Ескисехир (Турција)

18.10.2019 22:30
Capture

Селекторот на сениорската репрезентација, Данило Брестовац, одбра 17 ракометари за средбите во Ескесехир (Турција).

Собирот на репрезентативците е закажан за понеделник во “Александар Палас“, а во Турција Македонија ќе одигра две средби – со домаќинот и со Италија. На овие дуели, Брестовац нема да смета на  Борко Ристовски, Дејан Манасков, Филип Кузмановски, Филип Талески и на Кире Лазаров, кои ќе се приклучат подоцна и ќе бидат на располагање за последните две средби, против Грузија, кои ќе се одиграат на 25 и 26 октомври во СЦ „Борис Трајковски“.

Меѓу повиканите се и петмина ракометари на Металург: Михајло Младеновиќ, Марио Танкоски, Томислав Јагуриновски, Филип Арсеновски и Милан Лазаревски.

.

За натпреварите во Турција повикани се:

mkd

Прочитано 424 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 4 =