Брестовац го објави поширокиот список за квалификациските натпревари со Турција и со Грција

03.06.2019 14:53
1 (2)

Селекторот на македонската сениорска репрезентација Данило Брестовац го објави поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари против репрезентациите на Турција и на Грција за пласман на ЕП 2020 година.

Сениорите својот петти натпревар од квалификациската група ќе го одиграат на 12.06.2019 (среда) против репрезентацијата на Турција во Ескишехир, со почеток во 19.00 часот.

Последниот натпревар на сениорите е против селекцијата на Грција и ќе се одигра на 16.06.2019 (недела) во Струмица, со почеток во 18.00 часот.

Македонија го дели првото место во квалификациската група заедно со селекцијата на Исланд.

seniori

Прочитано 550 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 0