Брестовац го објави списокот на младинци за подготовките за ЕХФ Шампионатот во Скопје

03.07.2018 10:52
ARM_MAC_11

Селекторот на младинската машка репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, го објави поширокиот списокот од 24 ракометари кои ги повика на првиот собир од подготовките за настап на ЕХФ Шампионатот 2018, што ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Првиот собир ќе се одржи в среда (4 јули 2018), со почеток во 10 часот, во спортската сала „Македонско Сонце“ во Скопје. Според планот за подготовки, во Скопје ќе се тренира до сабота, а потоа селекцијата ќе замине за Маврово каде ќе продолжи со тренинзите до 13 јули. Последната фаза од подготовките повторно ќе се одвива во Скопје, а за тој период планирана е и една подготвителна средба. Првиот натпревар на ЕХФ Шампионатот Македонија ќе го одигра на 20 јули против Велика Британија.

Список на повикани ракометари: Виктор Василевски, Андреј Петковски, Матеј Петковски, Марко Кизиќ, Димитар Димитриоски, Иван Димитровски, Глигор Гајиќ, Марио Танкоски, Дејан Кукуловски, Дарио Петровски, Марко Мишевски, Томислав Јагуриновски, Томче Стојановски, Мице Шилегов, Дејан Ѓошевски, Филип Арсеновски, Стефан Атанасовски, Филип Андонов, Игор Ѓорѓиев, Дејан Џигеровски, Бобан Каковски, Мартин Серафимов, Ненад Костески, Андреј Митиќ

Прочитано 101 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + 9 =