Брестовац со скратен список ќе ја подготвува кадетската репрезентација

17.07.2019 15:11
kadeti

Заврши фазата на подготовките на кадетската репрезентација во Струга. По досегашните подготовки, селекторот Данило Брестовац го скрати списокот на ракометари и во следната фаза ќе продолжи со 20 ракометари.

Од списокот отпаднаа средниот бек Мартин Ивановски и пивотменот Кристијан Димитриески, двајцата од Охрид, како и левото крило на Металург 2  Дарио Кофилоски.

Сега репрезентативците ќе добијат тридневен одмор, а потоа ќе ги продолжат подготовките во Маврово.

Кадетското СП ќе се одржи во Скопје во период од 06 до 18 август, а Македонија ќе биде дел од групата “Ц“, заедно со репрезентациите на Данска, Јапонија, Аргентина, Нигерија и на Бахреин.

Прочитано 76 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + 7 =