Брестовац: Својата шанса ја испуштивме вчера

15.08.2019 19:18
Argentina-MKD-15.08.2019-WCH-U19-3188_resize

Македонија го заврши своето прво учество на едно кадетско СП, со пласман на 13. место. Три победи и четири порази е билансот на нашите млади ракометари.

Селекторот Брестовац смета дека пласманот е реален, иако остана горчината од вчера испуштената шанса да се пласираме во првите осум репрезентации.

Пред првенството целта ни беше осминафиналето, а желба да игравме во четвртфинале. Во ова второто не успеавме. Против европските екипи и против Аргентина одигравме добри натпревари, додека од другото не сум задоволен. Не го игравме тоа што сме го договарале и што сме тренирале. Не знам каква блокада им се случи на играчите, нема да знам додека не направам комплетна анализа на првенството. Дали се работи за притисок, стрес, домашен терен… Ни недостасуваше борбеност, на секој натпревар да се дава максимумот. Можеби, она јас што го приметив, е дека ни недостасуваше хемија во екипата, можеби тоа го немавме…Тое е една работа за која може да кажам дека нешто сме пропуштиле. Во играта фалеше креативноста, која инаку на тренинг ја имаа. Играчите можам да ги пофалам дека сакаа, не е дека недостасуваше желбата, но имаа ментална блокада која ги спречи во тоа. Кога ќе ја споредиме играта, сепак мислам дека 13 место во светот е реалност и дека вчера ја пропуштивме можноста да направиме нешто навистина големо“, вели Брестовац.

Прочитано 113 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 8 = 13