Топ Вести

Бугарија недораснат противник за македонските кадети и младинци

01.04.2018 19:41
Kadeti_resize

Денеска на Велигденскиот турнир во Балатонфуред (Унгарија) нашите кадети и младинци одиграа по еден натпревар со соодветните селекции на Бугарија, кои со својот квалитет не им беа дораснати на нашите ракометари.

Кадетите ја извојуваа својата четврта едноподруго победа во Унгарија. Денеска тие ја совладаа кадетската репрезентација на Бугарија, со резултат 41:29, во натпревар во кој во текот на сите 60 минути беа подобри од својот противник. До крајот на својот престој во Унгарија, македонските кадети имаат да одиграат уште само една средба и тоа повторно со селекцијата на Бугарија. Овој натпревар ќе се одигра утре.

Нашите, пак, младинци денеска ја остварија својата трета победа на турнирот во Унгарија. Денеска тие беа подобри од младинската селекција на Бугарија, која ја совладаа со убедливи 32:17 (20:8).

Марко Мишевски со седум постигнати гола беше најефикасниот во нашиот состав, а на листата на стрелци се запишаа и Иван Димитровски со по 5 гола, Думитриоски со 4, Кукуловски и Шилегов со по 3, Петровски, Арсеновски и Николовски со по два, и Гајиќ, Атанасовски и Стојановски со по еден гол.

И нашите младинци на турнирот имаат за играње уште само еден натпревар и тоа повторно со Бугарија. И овој натпревар ќе се одигра утре.

Прочитано 707 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + 8 =