ЦЕНИТЕ НА ВЛЕЗНИЦИТЕ КАЈ ЕКИПИТЕ ОД ТОП 16

04.03.2012 21:30
477124895651701_919444133_n_resize

Фуксе Берлин за натпреварот со Хамбург истакна цени кои се движат од 12 до 40 Евра

Кадетен Шафхаузен за натпреварот со Атлетико Мадрид истакна цени кои се движат од 12 до 33 Евра

Барселона за натпреварите од домашното првенство има една цена од 15 Евра, но нагласува дека за Лига на шампиони таа е ќе биде повисока.

Цимос Копер за сите средби во групната фаза во Лига на шампиони имаше една цена од 12 Евра. Каква ќе биде за 1/8 финале останува да видиме.

Висла Плоцк за натпреварот со Цимос Копер истакна цени кои се движат од 7.5 до 12.5 Евра.

Хамбург влезниците за натпреварите во Бундес лига ги продава по цени кои се движат од 14.5 до 46.5 Евра. За натпреварот со Фуксе Берлин, според најавата, цените ќе бидат посебно формирани.

Савехов истакна цени кои се движат од 12.5 до 17 Евра.

Атлетико Мадрид за натпреварот со Кадетен Шафхаузен истакна цени од 6 до 60 Евра.

Кил за натпреварот со Висла Плоцк одреди карти во дијапазон од 13 до 45 Еура.

Копенхаген за натпреварот против Савехов истакна само две цени во вредност од 10.5 и 21 Еура.

Останатите шест екипи, меѓу нив и Металург, допрва ќе ги истакнат своите цени.

Прочитано 1.808 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 6 = 0