Топ Вести

Чави Пасквал: За нас баражот е завршен

11.06.2018 00:20
33350442_1881614978572678_1701557225383788544_n

Секако, по денешната средба не му беше лесно на селекторот на Романија Чави Пасквал, кој сепак собра сили, го призна поразот и упати честитки за играта на нашата репрезентација.

.

И честитам на Македонија за победата. Денеска одигра далеку подобро од нас. Во моментов има голема разлика меѓу нас и Македонија и тоа се виде на теренот во текот на целата средба, со исклучок на почетните неколку минути. Ова е вистинската разлика помеѓу двете репрезентации. Баражот е завршен за нас. Се надевам дека ќе се поправиме на реваншот и ќе победиме, бидејќи тоа ќе биде многу важно за нас – да победиме една од најдобрите репрезентации на светот“.

Прочитано 281 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 3 = 10