Топ Вести

ЧЕРВАР: И ПОКРАЈ ПОРАЗОТ, ЗАДОВОЛЕН СУМ ОД МОЈОТ ТИМ, ПРЕД КОЈ ПРЕТСТОИ СВЕТЛА ИДНИНА

17.02.2015 12:55

za tekst

По натпреварот Кил – Металург беше одржана редовната прес-конференција.

Лино Червар: “Кил покажа многу добра игра, во која доминираа борбеноста и професионализмот и јас им посакувам да ја освојат Лигата на шампионите. Знаете за случувањата во Металург и тоа дека тимот го напуштија повеќе од 16 ракометари, па од тие причини игравме со младите момци од јуниорскиот тим, кај кои се виде недостигот од искуство во првото полувреме. Иако слабо одигравме и многу грешевме, задоволен сум од мојот тим, пред кој претстои светла иднина, како и многу, многу тренинзи, со напорна и посветена работа“.

Алфред Гисласон: “Беше тешко да се подготвиме за овој натпревар, бидејќи знаевме дека во Металург се случија големи промени во однос на нашата прва средба. Но, ние знаевме и дека Металург ќе допатува со многу млади и талентирани ракометари. Жал ми е што тренерот Червар ќе мора да почне од нула во повторното формирање на екипата, особено што Металург минатата година беше на чекор оф фајнал-форот. Денеска имавме 8700 навивачи во салата и сметам дека им прикажавме добар ракомет“.

Марко Бувиниќ: “Денеска игравме против една од најдобрите екипи во светот, на која и се спротивставивме со нашиот многу млад тим. Од ваков натпревар можеме многу да научиме. Ние сакаме да бидеме се подобри, а тоа значи да не ги повторуваме грешките направени денес“

Расмус Лауге: “Прекрасно е чувството повторно да се игра пред своите навивачи, кои не поддржаа и вечерва. Задоволен сум што после толку време повторно настапувам во Кил“.

Прочитано 2.443 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 4