ЧЕРВАР: И ПОКРАЈ ТОА ШТО ИМАВМЕ ОДРЕДЕНИ ПАДОВИ, ЗАДОВОЛЕН СУМ ОД ПОБЕДАТА И ОД ИГРАТА НА МОЈОТ ТИМ

26.10.2014 02:03

za tekst

По натпреварот Металург – Борац Б.Л., се одржа редовна прес-конференција.

RADZ_resizeИгор Раџеновиќ: “Му честитам на домашниот тим за победата и трите освоени бода. Тие од самиот почеток го контролираа резултатот и одржуваа водство од четири до пет гола. Во првиот дел имавме проблем со нашата одбрана и примивме лесни голови. Во вториот дел најдовме решение во зоната 6-0 и тоа функционираше, па во овој дел примивме само девет гола. Им дадовме можност на играчите кои имаат помала минутажа и задоволен сум од тоа како тие ја искористија својата шанса“.

ABAD_resizeСтанко Абаџиќ: “Честитки за домашниот состав. Ме радува што денеска нашите помлади ракометари добија можност да играат против една врвна екипа, каква што е Металург. Можеме да бидеме задоволни од второто полувреме и жал ми е што во последните неколку минути се опуштивме и го расипавме резултатот. Се на се, можеме да бидеме задоволни“.

LINO_resizeЛино Червар: “И честитам на екипата на Борац за фер и коректната игра. Секако, задоволен сум што победивме. Со противникот делиме желба да дадеме можност на помладите ракометари. Така беше во Нови Сад, така беше и денеска. Филип и Марко мораат да имаат натпревари. Мораме да имаме трпение за нивните грешки, иако денеска имаа и добри моменти. Ќе истраеме со политиката на нашиот клуб и во наредните две години ќе даваме уште повеќе можности и на некои други млади ракометари од нашиот погон, секако во спрега со искусните ракометари кои го носат дресот на Металург. Денеска одигравме добро, иако имавме и одредени падови. Повторно имавме проблем со реализацијата на седмерците, но се на се видовме фер и коректен натпревар во кој заслужено победивме“.

FILIP_resizeФилип Талески: “Пред се и честитам на гостинската екипа за фер и коректната игра. Во овој натпревар влеговме максимално мотивирани и постојано го држевме под контрола резултатот. Знаевме да ги искористиме слабостите на противникот. Среќен сум што ние помладите добиваме шанса во Регионалната лига, а се надевам дека ќе добиваме и во Лигата на шампионите“.

Фото:

Прочитано 1.926 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 4