ЧЕРВАР: ИМАМЕ ПРОБЛЕМИ ДА ГО СОСТАВИМЕ ТИМОТ, НО ЌЕ СЕ ОБИДЕМЕ ДА ГО ДАДЕМЕ НАЈДОБРОТО

09.12.2014 16:10
MAJ_6883_resize

za tekst

На прес-конференцијата пред средбата со екипата на Вардар, во рамките на 10. коло на Гаспром СЕХА Регионалната лига, своите видувања ги искажаа Лино Червар, шефот на стручниот штаб на Металург, Гоце Георгиевски, од името на нашите ракометари, и Левче Китевски, претседателот на УО на Металург.

lino_resizeЛино Червар: “По натпреварите во Лигата на шампионите, до крајот на оваа 2014. година ни преостануваат уште три меча во СЕХА-лигата, со Вардар, а потоа уште со Веспрем и со Раднички Крагујевац. Не ни доаѓаат баш добро овие натпревари, по напорот во Лигата на шампионите и со целата ситуација во која се наоѓа клубот, а имаме и проблеми. Јоновски и Вугринец вчера не тренираа, па не знаеме дали ќе играат утре. Јоновски имаше проблем и пред Брест, но тој самиот инсистираше да настапи. Вугринец се жали на својата дланка, но го имаме денешниот тренинг, па, потоа ќе видиме како ќе ја составиме екипата и во каков состав ќе настапиме.  Ете видовте, со Брест Мешков се повреди и Марко Нелоски, па и тој нема да биде на располагање во наредните десетина дена, а тоа значи дека ни е скратен и изборот на младите. Имаме проблеми, но ќе се обидеме со овој состав што го имаме да го дадеме најдоброто. Пред два месеци ова беше најголемото дерби на Балканот, а сега работите малку се сменија. Вардар е во подобра положба, има шанси за убав резултат во Лигата на шампионите и му посакувам се најдобро. Јас го почитувам Вардар, драго ми е што изградија нова сала и сето тоа е добро за ракометот. Верувајте ми, не сум му љубоморен на Вардар, се што се гради е добро, бидејќи тоа е тука и тука ќе остане засекогаш. И тие имаат повреди, знаеме за Лацковиќ, слушам и Карачиќ имал некои проблеми, но тоа се нивни грижи“.

goce_resizeГоце Георгиевски: “Од име на играчите можам да ветам една максимално борбена и дисциплинирана игра. Сите знаеме што значат натпреварите со Вардар, па макар биле и пријателски. Секогаш има борба, притисок, жар и знам дека нѐ очекува тежок меч. Можам да кажам дека Вардар е во подобра ситуација од нас и дека е фаворит на утрешната средба. Ние сме малку редуцирани во однос на составот, по грубиот меч со Брест Мешков во саботата, но ќе дадеме се од себе и ќе се бориме максимално“.

levce_resizeЛевче Китевски: “Би сакал уште еднаш да информирам дека тие што поседуваат блок-влезници од Лигата на шампионите ќе можат бесплатно да присуствуваат на средбите со екипите на Вардар и на Веспрем. Тоа што сакам да ги замолам посетителите е секој да седне на местото што му припаѓа според купената влезница, за да нема непредвидени проблеми“.

Фото: Маја Јаневска-Илиева, “Н.Македонија“

Прочитано 2.436 пати

(6) Коментари

  1. Ме интересира дали ако си седнам на местото каде што имам блок влезница за ЛШ, ќе бидам безбеден и ќе можам без проблеми да го проследам натпреварот, или ќе морам повторно уште пред крајот на првото полувре да гледам жива глава да извадам како што тоа беше во минатогодишната сезона од ЛШ ???

    • Ќе бидете безбеден.

  2. Moze li da mi kazete od koga go zemavte Misovski dali i kolku odbrani ima i zosto ne zemate od vtoriot tim golman

  3. Da se nadevane deka natprevarot ke se odigra fer i korektno vo ubava atmosfera i da ne dojde do nesakani povredi.
    So sreka momci Makedonija e so Vas.

  4. Dali za vecerasniot natprevar Metalurg- Vardar -, vazat blok vleznicite od LS za natprevarite sto gi igra Metalurg?

Напишете коментар


8 + = 11