Топ Вести

ЧЕРВАР: МЕТАЛУРГ ДОПРВА ЌЕ РАСТЕ. ВУЈОВИЌ: МЕТАЛУРГ ИМА ИДНИНА

22.02.2015 23:38
_DSC0108_resize

za tekst

По средбата Металург – ППД Загреб се одржа редовната прес-конференција.

Веселин Вујовиќ:Драго ми е што видов дека вечерва имаше многу публика која покажа дека го сака клубот и покрај тешката ситуација, а тоа дава надеж дека има иднина за Металург. Тешко е да се игра во ситуација кога нема резултатски мотив. Мојата екипа денеска не одигра добро, имавме многу технички грешки и загубени топки. Во натпревар без резултатско значење, младите се секогаш помотивирани. Му честитам на Металург за борбената игра“.

Лино Червар:Му посакувам многу среќа на Загреб во понатамошното натпреварување. Кога ќе се земе се во предвид, тие заслужено славеа на денешниот натпревар, но стои и тоа што го кажа нивниот тренер, дека нашите играчи беа повеќе мотивирани. Ова е тим составен од кадети и од младинци, играчи кои до вчера играа со Радовиш и со Струмица, а сега преку ноќ направија скок и играат со Кил и со Загреб. Нас не очекуваат многу работа и напорни тренинзи, уште многу порази и по некоја победа. Со многу работа и со неколку надополнувања на играчкиот кадар, на есен ова ќе биде повторно силен тим. Посебно ми е драго што публиката се уште е тука, со нас“.

Бојан Маџовски:На некој начин, ја исполнивме целта што ја зацртавме пред мечот. Покажавме како треба да играат млади играчи. Реши нивното поголемо искуство, немаме за што да жалиме, треба да излеземе со кренати глави“.

Прочитано 3.798 пати

(3) Коментари

  1. ODLICNO
    POLEKA POLEKA RASTEME
    I ZA GODINA I DVE DEFINITIVNO SE VRAKAME NA ISTE STAZI SEHA LIGA I LIGA SAMPIONI

  2. SAMO UTRE DA NE SUDAT ISTETE SUDII GRNOGORCI NA ZAGREB NE MU TREBASE POMOS OD SUDIITE I BES TOA KE POBEDESE

  3. Momcinjata igraat se podobro od natprevar vo natprevar i se poveke ni kazuvaat deka treba da im veruvame na zborovite ne Lino, deka Tie se idninata na makedonskiot rakomet. Bese uzivanje da se bide na tribinite vo SCBT i da se vidat site onie koi bea dojdeni da gi bodrat nasite mladi momcinja. Iskreno iako ne ocekuvav mnogu me raduva toa sto imase publika poveke od toa sto site ocekuvaa i za inat na site dusmani koe se toporat na tribinite samo koga igraat poznati ekipi.
    P.S. za sudiiti od Crna gora e sramno da se komentira neka im sluzi na cest takvo sudenje e sramno.

Напишете коментар


6 − 3 =