ЧЕРВАР: МЕТАЛУРГ СО КРЕНАТА ГЛАВА ЌЕ ИГРА ВО ЕВРОПА

20.11.2014 14:39
s7_resize

za tekst

Металург денеска одржа прес-конференција по повод претстојниот натпревар од шестото коло во Лигата на шампионите, против екипата на Натурхаус ла Риоха.

Пред новинарите своите видувања ги дадоа Лино Червар, шефот на стручниот штаб на Металург, и Ванчо Димовски, помошник-капитен на Металург.

s7_resie_resizeЛино Червар: “По десетдневните турбуленции во клубот, го очекуваме реваншот со Ла Риоха. Првиот натпревар го одигравме во променет состав, со македонски ракометари. Морам да кажам дека сум задоволен од борбеноста и од залагањето на моите ракометари на таа средба. Миркуловски ја одигра својата најдобра партија во Лигата на шампионите, а добри беа и Мојсовски и Вугринец. Сепак, наш хендикеп е што на бековските позиции имавме по еден играч и што не можевме целиот натпревар да го одиграме во исто темпо. Ние со истиот состав ќе го играме и реваншот, но јас верувам дека ќе одиграме уште подобро, дека и одбраната ќе биде малку подобра и ќе помогне во остварувањето на нашата цел – да стигнеме до првата победа. Верувам во моите момци, во нивниот инает и желбата, и мислам дека прерано не отпишаа. Мило ми е што бев дел од овој клуб, ги почитувам моите играчи и никогаш нема да ги заборавам овие прекрасни години. Пред пет години бевме непознати и привилегија е што се најдовме меѓу овие големи клубови. Играчите и клубот мораат да имаат меѓусебно почитување, тие се оние кои мораат да се борат за она што е наше. Металург се уште е актуелен шампион на Македонија, а резултатите се сумираат на крајот на сезоната. Металург во последните неколку години направи нешто што ниту еден тим во Европа го нема направено и Македонија има со што да се гордее. И со овој состав ние ќе се бориме до крај и со кренати глави ќе играме во Европа. Јас секогаш сум оптимист.

Мораме да го почитуваме тимот на Ла Риоха, кој има по двајца квалитетни ракометари на секоја позиција. Особен акцент би ставил на надворешните позици, каде имаат одлични шутери, кои сигурно ќе ни создадат големи проблеми. Мечот со Шпанците ќе го играме за нашите навивачи, бидејќи тие го заслужуваат тоа“,- рече Лино Червар.

dimovski_resizeВанчо Димовски: “Ла Риоха е тим со сериозни амбиции за влез во Топ 16, екипа што доаѓа од земја која е актуелен светски првак. Влеговме во овој циклус преполовени, за жал не успеавме да сториме ништо повеќе на мечот во Шпанија, но се надеваме дека ќе ги израдуваме нашите навивачи в сабота. Наша цел во следните три меча е да освоиме шест бода со условно послабите противници, па потоа да видиме каде сме. Мотивацијата секогаш е присутна кај нас, сите овие години се навикнавме повеќе да победуваме, создадовме еден менталитет на победници и сега не ни е убаво кога губиме. Сето тоа што се случува не нѐ остава рамнодушни и затоа нема да се предадеме и ќе се обидеме до крај да се бориме и да постигнеме колку што можеме“.

s366_resizeЛевче Китевски: “Благодарност до сите наши поддржувачи на кои сигурно ќе им се оддолжиме. Ние ќе направиме се Металург да се врати на голема врата. Ова е многу лош период за нашиот тим, но Металург застана на нозе и, иако раните остануваат, ние тргнуваме по нов пат, а времето и резултатите ќе покажат дали е тоа правиот пат. Сепак, сите резултати се собираат на крајот“.

 Фото: Игор Бансколиев, “Н.Македонија“.

Прочитано 3.517 пати

(9) Коментари

  1. Ke kaze nekoj na nas navivacite sto ponataka, ke si odi li Lino, nekako se vo zaviena forma se kazuva, i ako se sega ne se dade sansa na mladive koga aj so sreka

  2. gi imame i Talevski, Nelovski, a i podzaborveniot M.Manaskov, se moze samo ako takticki se pravat zameni i im se dade sansa na pomladite da se pokazat .Metalurg i vakov kakov sto e ima sansi za top16

    • M.Manaskov ne da go zaboravi kako da go nema, a maliov u prva nasa liga nema tim na koj nema mu dava po 7 8 gola, a zaedno so Filip i Marko ke bidat zameni vo prvo vreme adekvatni kako ke steknat iskustvo ako ne igraat ne mi e jasno, ke ostanat samo talenti izgleda,

  3. Ajde sega nie navivacite da bideme so niv, da ja ispolnime salata do posledno mesto, da gi im dademe “veter vo grbot” na nsite rakometari, na nasite sportski heroi koi ni priredija mnogu ubavi momenti izminativi godini,Ajde MAKEDONCI bidete so Nasite sportisti so tie koj gi branat boite na nasata tatkovina i koj se nasi najgolemi ambasadori.
    Napred momcinja Vasite verni navivaci ke bidat sekogas so Vas i koga igrate za klubot i koga igrate za Makedonija.
    P.S.Do site makedonci dajte im podrska na nasite sportisti i nasiot sport.

  4. Ajde site da odime da im dademe štimung na igračite i site da kupime karti a ne da čekate gratisi i pak da ne dojdete.vakov klub vo sekakvi situacii se bodri.ke go stigneme vardar iako šminkata bledee no sve sto e vo srceto ostanuva.samo eden jak sponzor da vleze da mu pomogne na minco kako vo vardar sponzorite i sve ke bide vo red.samo napred metalurg

  5. samo lino da ne si odi od metalurg toj coek e zasluzen za se a sekoj drug mozi da si odi samo eden e lino cervar

    • Nema fajde da ostane. Narusena e atmosferata plus negovata igra e procitana od protivnicite. Fala mu na se ama mislam deka treba spanec za trener da se donese posto oni go nosat progresot vo igrata.

  6. Se soglasuvam,
    deka treba da odime na utakmca,
    mene stvarno ne mi e jssen konformizmot da se gleda od doma, ili malodushno da se vika-ah, gotov e Metalurg-se rasturija, i sl.
    ne znam za sto denari-sto praat lugjevo po doma?!/ gi mrzi da izlezat so deca, so devojki, so deckovci-odma da se klapne:(((
    /
    baska sto se raboti za reprezentacija, vo ovoj slucaj…
    /
    edinstvena radost e Metalurg, napred decki:)))

  7. Nase e da dojdeme I da ja napolnime salata I dali gubi Metalurg ili pobeduva I mislam daka e podobro da ne zazimame strani koj e vinoven l Liverpool nama titula skoro 30 godini no sepak sekogas e poln station

Напиши одговор на minci Откажи одговор


7 − 2 =