ЧЕРВАР: МОИТЕ РАКОМЕТАРИ СЕ БОРЕА КАКО ЛАВОВИ

06.12.2014 23:53
_DSC0028_resize

za tekst

На прес-конференцијата по натпреварот, беше кажано следното:

_DSC0022_resize_resizeЖељко Бабиќ: “Знаевме дека ќе биде тешко во Скопје. Мислам дека добро се подготвивме, тактички и психолошки, иако последните десет минути игравме без идеја во нападот. Задоволен сум од освоениот бод. Останува да пробаме да победиме некој од гигантите, Кил или ПСЖ, и да се пласираме во следната фаза. Задоволство да се игра во Скопје, особено против Металург. Уште еднаш, не знам по кој пат, му се заблагодарувам на мојот учител Лино Червар за се што сум научил од него“.

_DSC0013_resize_resizeРастко Стојковиќ: “Денеска реално требаше да славиме со пет до седум гола разлика, но виша сила не ни дозволи да стигнеме до победата.  Им честитам на ракометарите на двата тима, ова беше вистински меч без оглед на сите споредни случувања на теренот“.

_DSC0028_resize_resizeЛино Червар: “Задоволен сум од моите играчи. Во најголемиот дел од натпреварот бркавме негатива и такво нешто треба да се издржи. Ја сакавме победата, моите ракометари се бореа како лавови и им честитам за тоа. Во еден дел од натпреварот одбраната не ни беше на потреното ниво, имавме грешки, но задоволен сум. Ѝ благодарам на публиката, горд сум на неа што дојде во вака голем број. И во оваа лоша ситуација момците најдоа мотиви и се бореа до крај, а натпреварот заврши како што заврши. Металург и понатаму ќе продолжи да се бори и се надевам дека ќе дојдат подобри денови за овој клуб“.

_DSC0014_resize_resizeДејан Манасков: “Што да се каже после еден толку тежок натпревар. И честититам на екипата на Брест за освоениот бод. Одигравме еден дуел во кој имавме многу падови и подеми. На крајот успеавме да се вратиме во водство. Но, последниот удар не успеавме да го зададеме и примивме гол во последните секунди. Би сакал да се заблагодарам на публиката, која и во овие тешки моменти ни даде огромна поддршка“.

Фото:

Прочитано 4.865 пати

(1) Коментар

  1. sampioni

Напишете коментар


− 5 = 2