Червар: На сите три средби бевме достоен противник

17.09.2016 23:26
_DSC0055_resize

Лино Червар, испрати пофални зборови за денешниот победник и истакна дека неговите играчи во наредниот период ќе работат повеќе, па позитивниот резулат ќе мора да дојде.

Мешков е многу добра екипа и го покажа тоа во изминатите сезони. Мислам дека во трите наптревари, што досега ги одигравме, пруживме добри партии. Драго ми е што овие млади играчи покажаа храброст до самиот крај. Мораме да бидеме помудри и да се бориме на секој натпревар, а резулатот ќе мора да дојде. На три натпревари со фаворити како Вардар, Веспрем и Мешков двапати стигнавме до напад за нерешено, еднаш загубивме со три гола разлика. Тоа е повеќе од очекуваното. За некои е изненадување, но не и за нас. Ние знаеме колку напорно работиме и сметамедека заслуживме да освоиме бод на овие натпревари. Не дека тоа нешто ќе направеше на табелата, но за овие млади играчи тоа е многу битно. Да напредуваат, да добијат самодоверба“ – изјави Червар после натпреварот.

Знаевме дека ќе бидат фокусирани на Милош Драгаш, Идејата беше да шутира Талески, но играчите немаа чувство за времето. Тоа е неискуство. Четири секунди им изгледаа прекратко и пребрзо ја завршија акцијата. И тоа е дел од лекциите што треба да ги совладаат“, додаде Червар.

Никола Костески, беше задоволен од своето издание денеска, но истовремено изрази и жалење што Металург не стигна до бод.

Многу тежок натпревар во кој во одредени моменти ни падна концентрацијата. Се мотивиравме меѓусебе и се вративме, но на крај, за жал, загубивме. Во иднина очекувам со уште понапорна работа, да се поправат сите грешки што ги направивме денеска. Ова ми беше еден од најдобрите натпревари откако сум во Металург, но на крајот не не посака и среќата“ – истакна Костески.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + = 5