ЧЕРВАР: НАШИТЕ НЕДОСТАТОЦИ ЌЕ СЕ ОБИДЕМЕ ДА ГИ НАДОПОЛНИМЕ СО СВОЈАТА БОРБЕНОСТ

12.12.2014 14:55
_DSC0007_resize_resize

za tekst

Денеска се одржа прес-конференција на Металург, по повод претстојната средбата со екипата на Веспрем, наш последен натпревар пред скопската публика во 2014. година. Своите размислувања ги дадоа Лино Червар, шефот на стручниот штаб на Металург, Филип Талески, од името на нашите ракометари, и Левче Китевски, претседателот на УО на Металург.

lino_resizeЛино Червар:Нема што многу да се зборува за тоа кој е Веспрем и какви се нашите шанси во следниот дуел. За квалитетот на нивните играчи можам да зборувам само во суперлатив, бидејќи со игрите што ги манифестираа сезонава вистински го заслужуваат тоа. Веќе имавме можност да играме со Веспрем и да ја почувствуваме моќта на овој тим. Тие сите натпревари ги добија убедливо и тоа е нормално ако се земат во предвид квалитетите што ги поседува. Унгарците се одлично покриени на сите позиција, тоа е една силна одбранбена екипа која потоа лесно постигнува голови од контранапад. Јасно е дека квалитативно сме зад нив, но ние ќе се обидеме нашите недостатоци да ги надополниме со борбена игра. Овој меч ни доаѓа во незгоден час, но ќе настојуваме да останеме здрави, за момците потоа најпрвин да се одморат, а потоа да им се посветат на репрезентативните обврски. Нелоски повторно нема да може да игра, повреден е и Јоноски, а тука е и Мојсовски кој се мачи со скршениот нос. Немаме преголем избор, повторно ќе ги вклучиме помладите и колку можеме ќе им се спротивставиме на Унгарците. Тука се и постарите кои се жртвуваат, но сепак немаме ширина“.

tales_resizeФилип Талески: “Веспрем е една од најсилните екипи во Европа, со една од најцврстите одбрани. Ние имаме проблем со повредените играчи, но ќе се обидеме да собиреме сили и со помош на публиката, како наш осми играч, ќе се обидеме да им се спротиставиме колку што можеме, а навивачите да ги израдуваме со уште една победа“.

levce_resizeЛевче Китевски: “Не би ви одземал од времето. Би сакал само да потсетам дека ова е наш последен домашен натпревар во оваа година, кој ќе се обидеме коректно да го одиграме, а во новата година се надевам дека ќе влеземе со решени проблеми, што значи дека клубот ќе го вратиме на позиции кои тој ги заслужува“.

Металург ги повикува своите симпатизери да дојдат на овој наш последен натпревар и да го бодрат нашиот клуб.

Фото:

Прочитано 744 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + 9 =