ЧЕРВАР: ПРИЈАТНО СУМ ИЗНЕНАДЕН ОД БОРБЕНОСТА И ЗАЛАГАЊЕТО НА ДЕСЕТКУВАНАТА ЕКИПА

04.02.2014 12:42
MJI_5245_resize

rk-metlurg-logo_final_resize31

Многу пофални зборови имаше шефот на стручниот штаб на Металург, Лино Червар, по натпреварот против екипата на Веспрем. Особено беше задоволен од борбеноста и од прикажаното залагање на целиот тим.

“На минатонеделниот пријателски натпревар со Веспрем пријатно бев изненаден од борбеноста и од залагањето на десеткуваната екипа. Здравствениот билтен по завршеното ЕП не ни е најдобар и јас  уште не знам со кој состав ќе настапиме против екипата на Борац. Тоа ќе го одлучам по последниот тренинг, кога ќе ја имам конечната слика за тоа кој ќе биде во состојба да игра“ – изјави Червар, кој напомена дека многу му е важно до саботниот дуел со ПСЖ ракометарите што се жалат на повреди да бидат залечени, за екипата колку-толку да биде комплетна и да го даде максимумот во мечевите од ЛШ, каде што за пласман во осминафиналето на ЛШ му треба еден бод од последните три меча.

Едно е сигурно, денеска нема да настапи Павел Атман, кој покрај повредата мора да ја одработи и казната од еден натпревар заработена поради директниот црвен картон на средбата против Вардар.

Денешниот натпревар, кој се игра во СЦ “Борис Трајковски“, почнува во 17.45 часот, влезот чини 100 денари, а е бесплатен за сите иматели на нашите сезонски влезници.

Телевизиски пренос нема да има.

Прочитано 2.125 пати

(1) Коментар

  1. Zasto prenos da nema?Sramota

Напишете коментар


8 − 6 =