ЧЕРВАР: ПСЖ Е ФАВОРИТ, НО НИЕ ПОЗИТИВНО РАЗМИСЛУВАМЕ

24.09.2013 18:36
2013-09-21-CL-Wacker-Metalurg_081_resize_resize

za tekst

0296007.48_resize“За Пари Сен Жермен не треба да се трошат многу комплименти. Доволно е да се каже дека има годишен буџет од 15 милиони евра и дека во него играат ракометари, како што се еден Хансен, Нарцис, Абалоа, Копљар, Вори, Гојун, а Часар е дури резерва…, па да се види за каков гигант се работи. Тие се фаворити, но нам не ни е забрането да се надеваме и позитивно да размислуваме. Во спортот сѐ е можно, па токму затоа најважно е да не му дозволиме на противникот да се размавне, а ние да ги елиминираме нашите технички грешки во нападот, вели стратегот на металурзите Лино Червар.

–          Металург ја оствари првата цел во ЛШ, од Берн се врати со двата планирани бода.

0296007.48_resize“Од триумфот против Вакер Тун и првите два освоени бода, можеме само позитивни поуки да извлечеме во пресрет на дуелот што нѐ очекува против фаворизираниот Пари Сен Жермен, кој, пак, заедно со Барселона и понатаму останува најголем фаворит за шампионската титула во ЛШ, Лино Червар.

–          За Червар пикерската позиција сепак била послабиот дел во играта на Металург.

0296007.48_resize“Не би сакал некого посебно да истакнам или да критикувам од моите играчи. Точно е дека Н. Мојсовски даде најмногу голови – 7, Вугринец 6, но не треба да се потценат ниту трите гола на Манасков. Она што сепак може да се истакна како слабост во Берн е токму играта на пикерската позиција, каде што бевме тенки со гол-реализација. Мора повеќе да работиме на оваа позиција, бидејќи без помошта од пикерите ќе биде тешко да се игра, констатира Червар.

–          Постигнатите резултати во почетокот во ЛШ за него се во рамките на очекуваното.

0296007.48_resize“Не ме изненадуваат резултатите во 1. коло, кои, според мене, се во рамките на нормалата. На Вардар треба да му се честита на освоениот бод против фаворизираната Барселона, но истовремено би рекол дека скопјани со еден Дибиров, голманот Малумбрес и другите нови засилувања воопшто не е екипа за потценување, дециден е Червар.

Останува неизвесно дали исклучувањето на Филип Миркуловски во последната минута од средбата во Берн поради задржување топка, ЕХФ ќе го протолкува како прекршок над играч, што значи автоматско апстинирање на следниот меч или само како обичен црвен картон. Одлуката се очекува деновиве.

Автор: Гоце Илковски, “Нова Македонија“

Прочитано 1.644 пати

(1) Коментар

  1. bidete srekjni so imate intelegenten trener kako lino cervar. vsusnost, bravo za sopstvenikot na klubot zaradi izborot! ovoj torkoto od vardar, za nisto ne go biva, zaradi takvi lugje ni se skratuva zivotot. gazi metaluurg

Напишете коментар


+ 6 = 14