Червар: Вардар имаше повеќе среќа

07.09.2016 18:31
_DSC0167_resize

На прес-конференцијата по натпреварот, двајцата тренери беа задоволни, Лино Червар од нашата игра, а Раул Гонзалез од резултатот.

Ова беше доста нервозен натпревар со многу технички грешки на двете страни,но задоволен сум од играта и од борбеноста. Среќата вечерва беше на страната на Вардар, но сепак си ја заслужија победата. Мораме да ја подобриме формата и да работиме повеќе. Секако, и да собереме искуство што ќе ни биде потребно за настапите во Лигата на шампионите“, истакна стратегот на Металург по натпреварот.

Сакам да им честитам на ракометарите на Вардар за победата. Но, и покрај тоа, нашите играчи одлично се залагаа и посакуваа поволен резултат. Нашите ракометари одлично играа на теренот и криво ми е што, по една голема борба, натпреварот вака заврши” кратко изјави Арсиќ.

Голманот на Металург беше најдобар поединец на средбата со 15 успешни интервенции.

Раул Гонзалес, пак, е изненаден од нашиот напад со седум ракометари.

Сакам да му честитам на Металург за добрата атмосфера и играта. Ние не игравме добро и мораме да ја поправиме играта. Одбраната не беше на вистинското ниво, а не успеавме ниту да ја сочуваме предноста од три-четири гола разлика, но сепак задоволен сум што победивме. Металург нè изненади со играта со седум ракометари, бидејќи не се подготвувавме за таква игра“, кажа стратегот на Вардар Гонзалес по натпреварот.

Се согласувам дека понекогаш е подобро и со лошата игра да се победа отколку со добра игра да се доживее пораз. Не можеме да бидеме задоволни од играта, но мораме да бидеме и трпеливи. Не е ова формата што ја очекуваме. Постојано одиме напред и ќе бидеме подобри. Знаеме какви натпревари не чекаат. Ќе биде подобро. Ние сите веруваме во тоа“, изјави Тимур Дибиров.

_DSC0172_resize _DSC0182_resize _DSC0187_resize _DSC0190_resize _DSC0191_resize _DSC0192_resize

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + = 7