Червар: Веспрем е апсолутен фаворит, но ние не излегуваме со бело знаме в рацете

10.09.2016 00:57
_DSC0292_resize

Веспрем доаѓа во Скопје како апсолутен фаворит на натпреварот од СЕХА лигата, против Металург. Да се искористи напорниот распоред на противникот и да се сведат грешките на минимум е рецептот кој ќе се обиде да го искористи Лино Червар на оваа средба.

Веспрем е една екипа која направи револуција, купија огромен број на играчи и имаат речиси три постави. Имаат големи имиња, но тоа нам ни е предизвик. Да се обидеме да им се спротивставиме. Се надевам дека и навивачите повторно ќе ни бидат поддршка. Ќе се подготвуваме за останатите натпревари, како и за ЛШ. Ќе мораме да ја засилиме одбраната, а во напад да направиме што помал број на технички грешки. Тоа е една од причините поради кои велам дека треба од мали нозе да се вежба техниката во ракометот. Тоа е техника за цел живот, а тактиката е за еден конкретен натпревар. Кој не владее со топката не може да ужива во играта, ниту пак да ја води како што треба. Ќе мораме да ги надокнадиме тие слабости со поголема борба, подобра одбрана и помалку грешки. Веспрем е апсолутен фаворит, но тоа не значи дека ние нема да дадеме се од себе“, вели Червар.

Актуелниот првак во регионалната лига и финалист во Лигата на шампиони е голем залак за младите ракометари, но тие се подготвени да дадат сè од себе.

За Веспрем нема што да се зборува, дефинитивно е екипа која е фаворит на сите натпреварувања на кои учествува. Млада екипа сме, но нема да дојдеме со подигнато бело знаме. Сакаме да се докажеме и не се плашиме од никого“, рече Немања Младеновиќ.

Натпреварот помеѓу Веспрем и Металург е закажан за в недела, со почеток од 20.30 часот.

_DSC0283_resize_resize

_DSC0286_resize_resize

_DSC0289_resize_resize

_DSC0290_resize_resize

_DSC0298_resize_resize

_DSC0301_resize_resize

_DSC0303_resize_resize

Прочитано 3 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 2 =