ЧЕСЕН ПОРАЗ НА МЕТАЛУРГ ЈУНИОР

19.05.2013 03:09
DSC_0128_resize

za tekst

Долго време бевме блиску до братско финале, Металург – Металург Јуниор. Во поголемиот дел од првото полувреме нашите млади надежи беа подобри од третата по квалитет екипа во Македонија. Полетно, без грам респект, јуниорците јуришаа кон голот на Зомимак. Искусниот противник мака мачеше да ги сопре брзите ракометари на Јуниор, а не помогнаа ни честите измени на противничките голмани.

DSC_0090_resize

Јуниор во текот на првите десет минути имаше константно водство од еден до два гола. Дури во 20. минута струмичаните првпат дојдоа до предност од два гола, 11:13, меѓутоа, се до крајот на првиот дел Јуниор постојано им беше зад петици. На самиот крај на првото полувреме резултатот беше 18:18, но на одмор заминавме со негатива од еден гол, 18:19.

На почетокот од вториот дел, најпрво ние израмнивме, 19:19, а потоа противникот врза четири едноподруго гола, за свое прво осетно водство, 19:23. Радоста на Зомимак беше краткотрајна, бидејки во периодот од 43 до 46 минута Јуниор направи серија од 4:0 и за кратко ја врати предноста, 25:24.

DSC_0096_resize

Сепак, неискуството на нашите млади ракометари не чинеше пораз на овој натпревар. Кога се кршеше резултатот, направивме неколку грешки и избрзани напади, а противникот тоа искусно го искористи за пресврт. Набрзо Зомимак повторно создаде предност, која на крајот изнесуваше четири гола, 29:33.

Одлична претстава на Јуниор, која ги воодушеви малобројните гледачи. Навистина го испотивме противникот, на кого му дадовме дури 29 гола, повеќе и од Металург во “Автокоманда“. Не треба некој да биде пророк за да предвиде дека веќе идната година улогите ќе се сменат.

DSC_0100_resize

РК Металург Јуниор – РК Зомимак М  29:33 (18:19)

РК Металург Јуниор: Кимевски (7 одбрани), Даниловски (три одбрани), Ивановски (три одбрани), Пешевски 3, Крстевски, Манасков 1, Матијашиќ 1, Велковски 2, Маркудов, Палевски, Талески 6, Бој.Маџовски 7, Давитковски, Стојановски, Бор.Маџовски 2 и Костески 7.    Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 6 минути.

РК ЗомимакМ: Колев (8 одбрани), Стојановски (1 одбрана), Атанасов, Пандев, Павловски 9, Пецаковски 8, Лазаров, Тренчевски 2, Милосављевиќ 3, Стојанов, Петковски,  Соколов, Чантурија 10 и Везенковски 1.    Седмерци: 5/7.   Исклучувања: 4 минути.

Судии: Зипевски Васил и Ѓорѓевски Сашо од Скопје.

Делегати: Металари Камер и Најденовски Миле од Скопје.

DSC_0104_resize DSC_0128_resize

Прочитано 1.853 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + = 9