- Фотогалерија од средбата Металург – ПрилепОбјавено пред 5 months
- Металург убедлив против екипата на ПрилепОбјавено пред 5 months
- Металург го утврди датумот, терминот и местото на одигрување на средбата со Спачва во СкопјеОбјавено пред 5 months
- Фото: Металург го одржа својот вечерен тренинг на игралиштето кај “Женска“ плажаОбјавено пред 5 months
- Металург пристигна во Струга, сите тестови на нашите ракометари се негативниОбјавено пред 5 months
Четврта победа на младинците на Металург 2

Во четвртото коло на младинската лига на Македонија, група 1, младинците на Металург во Автокоманда ја совладаа екипата на Еурофарм Работник, со резултат 35:32 (16:14).
Во првото полувреме се водеше израмнета борба, со повремени водства на двете екипи. Прв посериозен исчекор направи Металург 2, кој при крајот на првото полувреме поведе со три голови разлика, 15:12 и 16:13. Првиот дел заврши со резултат 16:14.
Се се промени во второто полувреме во кое нашите младинци заиграа многу подобро и полека создадоа висока предност, највисока при резултат 29:21 и 30:22. Откако ја обезбедија победата, дојде до очигледно опуштање кај нашите ракометари, што противникот го искористи и на крајот дојде до пораз од само три гола, 35:32.
Куриозитет на средбата е настапот на нашиот голман Виктор Василевски, кој поголемиот дел од второто полувреме го одигра како среден бек. Василевски постигна три гола, два од седум метри и еден од игра, а заработи и едно исклучување.
Ова е четврта победа на нашите младинци, кои засега имаат максимален број на освоени бодови. Во следното коло младинците на Металург 2 ќе и гостуваат на екипата на Преспа.
.
РК Металург 2 – РК Еурофарм Работник 35:32 (16:14)
РК Металург 2: Божиновски, Ацевски, Василевски 3, Кофиловски 2, Михајлов 9, Фидановски 3, Митиќ 7, Мирчевски 4, Попов, Ристовски 2, Георгиевски, Додиќ 2 и Ефтимов 3. Седмерци: 3/6. Исклучувања: 10 минути.
РК Еурофарм Работник: Костадиновски, Мандиќ 5, Најденов 2, Наумовски 1, Гуцевски, Мицевски 5, Ѓорески, Кенковски, Николовски, Петковски, Митревски, Југовски 13, Бардаковски, Неданковски, Ризовски и Блажевски 6. Седмерци: 1/2. Исклучувања: 10 минути.
Судии: Ѓоргиевски Иво и Наумовски Игор од Скопје.
Делегат: Бајрам Денис од Скопје.