Четврта победа на младинците на Металург 2

12.11.2018 00:54
_DSC0060_resize

Во четвртото коло на младинското првенство на Македонија, група 2, младинците на Металург 2 гостуваа во Велес, каде го совладаа Борец со резултат 31:41 (18:20). Ова е четврта победа на нашите младинци кои засега се со 100 % ефект.

Металург 2 беше фаворит пред почетокот на натпреварот и таа своја улога ја оправда. Нашите младинци водеа во текот на сите 60 минути.

Во првото полувреме Металург 2 брзо создаде предност од 6 гола, 5:11, и  се чинеше дека средбата ќе ја реши уште по првите 30 минути. Но, Борец при крајот на првото полувреме успеа комплетно да се врати во игра и на одмор екипите заминаа при резултат 18:20.

Во втората половина од средбата Металург 2 посериозно влезе во натпреварот, а ја искористи и лошата физичка подотовка на противникот, па нашата предност доби нагорна линија. Нашата максимална предност на овој натпревар изнесуваше 14 гола, а средбата заврши со резултат 31:41 во наша полза.

Во следното коло не чека уште едно гостување, овој пат кај последнопласираната екипа на Еурофарм Работник.

.

ГРК Борец – РК Металург 2  31:41 (18:20)

ГРК Борец: Белчоски, Кочов 10, Аврамски 3, Јордановски 2, Крстовски 2, Смилев 5, Петров, Солев, Ацев 1, Ристовски 7, Карамарков 1 и Костовски.    Исклучувања: 8 минути.

РК Металург 2: Божиновски, Михајлов 3, Кондев 7, Меловски, Кофилоски 7, Гошевски 7, Митиќ 1, Лембанов, Ристовски 9, Василевски, Л.Додиќ, Тодевски, Стојановиќ 3, Михајловиќ, Гајиќ 1 и Младеновиќ 3.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Пановски Роберт и Димитриевски Божидар од Велес.

Делегат: Јосмов Тодор од Велес.

Прочитано 224 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 5