ЧИСТА ПОБЕДА НА МЕТАЛУРГ

09.10.2013 21:42
MJI_5141_resize

za tekst

Металург ја извојува својата прва домашна победа во новата сезона од Гаспром регионалната лига. Победена е екипата на Партизан, со резултат 26:21 (14:10).

Натпреварот помина според сите очекувања, а особено е значаен придонесот на нашите млади ракометари од Металург Јуниор, кои постигнаа 11 гола, од можните 26.

Натпреварот беше рамноправен само во уводниот дел, во кој забележавме и водство на Партизан од 2:3. Меѓутоа, набрзо Металург ја наметна својата игра и веќе во 14. минута Веле Маркоски ни донесе предност од два гола, 6:4. Најголемата предност во првиот дел ја стекнавме во 26. минута, кога Атман го постигна својот втор гол, за 13:8. Полувремето заврши со резултат 14:10. На нашиот гол се истакна Никола Митревски со 9 одбранети удари.

Второто полувреме го следевме со посебно задоволство, бидејки на теренот беа нашите млади ракометари од Металург Јуниор, засилени со Ојлевски, Мандиќ, Кеџо и Мијатовиќ на голот. Металург ништо не загуби во темпото, а резултатската предност порасна до + 11, во 52. минута, 25:14. Гледајки ги потезите на младите Талески (17), Мартин Манасков (19) и останатите, се доби впечаток дека иднината на Металург е загарантирана. Филип Талески, со 4 постигнати гола, стана најдобар стрелец на натпреварот. Радува и настапот на Жарко Пешевски, кој постигна три гола од три обиди на пикерската позиција. Посебен е придонесот на Раде Мијатовиќ, кој за едно полувреме собра 11 одбрани.

РК Металург – РК Партизан  26:21 (14:10)

РК Металург: Митревски (8 одбрани + седмерец), Мијатовиќ (10 одбрани + седмерец), Ојлески 1, Пецаковски 2, Костески 2, Георгиевски 1, М.Манасков 2, Д.Манасков 2, В.Маркоски 2, Атман 4, Топиќ, Кеџо, Талески 4, Јоновски, Мандиќ 3 и Пешевски 3.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 6 минути.

РК Партизан: Ристановиќ (8 одбрани), Михајло Радовановиќ (4 одбрани), Илиќ 3, Сретеновиќ 1, Миломир Радовановиќ 1, Џуричиќ 2, Мршуља, Пижурица, Матичиќ 2, Александар Радовановиќ 4, Костадиновиќ 4, Рашиќ, Марсениќ 4 и Потиќ.      Седмерци: 2/4.         Исклучувања: 6 минути.

Судии: Далибор Јуриновиќ и Марко Мрвица од Хрватска.

Делегат: Синиша Рудиќ од Хрватска.

Прочитано 1.755 пати

(1) Коментар

  1. Metalurg napravi odlicen poteg so igranjeto na seha ligata vo Boris trajkovski .Mozebi imalo skepsa na pocetok dali ke bide polna salata .No sega posle ovie dva natprevari site vidoa deka ne e samo salata vo Avtokomanda deka Metalurg ima simpatizeri i nasekade.

Напишете коментар


6 + 1 =