Црногорскиот репрезентативец Василије Калуѓеровиќ е нов ракометар на Металург

06.02.2021 21:31
1603954811.8438_resize

Младиот црногорски ракометар, Василије Калуѓеровиќ, е нов ракометар на Металург.

Калуѓеровиќ (22 г., 191 см., 89 кг.) е поранешен јуниорски, а сега и сениорски репрезентативец на Црна Гора, кој е дел од плановите на црногорскиот селектор Рогановиќ за подмладување на националниот тим и кој настапи на двете средби на Црна Гора во квалификациите за ЕП 2022.

Калуѓеровиќ подеднакво добро се снаоѓа на позиции среден и лев бек и ќе биде наше големо засилување во продолжението на сезоната.

Калуѓеровиќ имаше одлични настапи во СЕХА лигата во дресот на Извиѓач, што му стана добра препорака да се пресели во екипата на Гуиф од Шведска, која ја води селекторот на Црна Гора, Зоран Рогановиќ, а од која сега се сели во Металург.

Калуѓеровиќ со Металург потпиша договор до крајот на сезоната 2021/22.

Прочитано 451 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 3