ЦСМ Букурешт е освојувач на Челенџ Купот

19.05.2019 01:38
992595-csm-bucuresti

Екипата на ЦСМ Букурешт е победник во Челинџ Купот, третото по ранг европско ракометно натпреварување.

Во финалето овој претставник беше подобар од португалската Мадеира.

Првата средба во Португалија заврши со израмнети 22:22 (8:9), додека на реваншот во Романија ЦСМ Букурешт славеше со убедливи 26:20 (16:9) и го освои овој Куп.

Инаку, во екипата на ЦСМ Букурешт настапува македонскиот репрезентативец и долгогодишен член на Металург Гоце Георгиевски, кој на средбата во Букурешт постигна 4 гола.

Прочитано 102 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + 6 =