ДАЛИ ИМА ИСКРА НА НАДЕЖ ?

08.02.2012 14:07
img_2278

Се оствари најцрното сценарио за нашиот клуб: Младен Ракчевиќ има скинати предни вкрстени лигаменти и ќе го пропушти остатокот од сезоната. Младен е на преглед во Нови Сад, а од таму ќе допатува во Скопје.

Тоа е тежок удар за Металург бидејќи и нашиот втор пикер, Ванчо Димовски, пред кратко време имаше операција по скршеница на коска на стопалото и не е во состојба да одигра цел натпревар.

Ова се случува во момент кога влегуваме во период на пресудни натпревари во Л.Ш., Регионална лига, домашно првенство и т.н.

Еве што изјави самиот Ракчевиќ: “ При прегледот од лекарскиот тим со 99 постотна сигурност е констатирано дека се работи за скинати предни вкрстени лигаменти. Вечерва во 19.00 ч. референтно тоа треба да го покаже и магнетната резонанца. Жалам поради тоа и благодарам за подршката.“

Прочитано 1.985 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 8 = 11