Дамир Стојановиќ: Ќе се обидеме да го вратиме Металург таму каде што му е местото

29.07.2019 22:39
DAR_9321_resize

Металург оваа сезона ќе биде воден од нов тренер. Се работи за српскиот стратег Дамир Стојановиќ, кој е амбициозен и кој сака да остави свој печат во Автокоманда.

Дамир Стојановиќ има амбиции да го врати Металург таму каде што му е местото:

Пред сè, среќен сум бидејќи доаѓам во клуб со богата историја и традиција и доаѓам во еден момент во кој ќе се обидиме да создадеме нешто и да се вратиме на старите патеки, во СЕХА-лигата и во Лигата на шампионите. За мене тоа е голем предизвик. Оваа година ќе се обидеме ние да го изненадиме Еурофарм и да се вратиме таму каде што треба“, Вели Стојановиќ.

Во поглед на составот на екипата, Стојановиќ вели:

Никогаш не го добивате тоа што го сакате, но ќе се потрудиме од овие млади момци да извлечиме максимум. Можеби да се засилиме на позиција лев бек. Нема да брзаме, но ако ни се укаже шанса, секако дека ќе ја искористиме“.

Металург со обврските старува во македонската Суперлига, а во поглед на учеството во ЕХФ-Купот, Стојановиќ вели:

Добро е што во ЕХФ-купот почнуваме дури од третото коло, бидејќи ќе имаме време да се подготвиме и да ја воиграме оваа млада екипа, да воспоставиме еден систем на игра“.

Прочитано 213 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − 4 =