Дамир Стојановиќ: Ни недостигаше малку повеќе борбеност

19.09.2019 01:22
DAR_2600_resize

Новиот тренер на Металург, Дамир Стојановиќ, за првпат го предводеше својот тим во една пресметка со Вардар. Металург ја загуби средбата, но не се посрамоти.

Тренерот на Металург му ја честиташе победата на Вардар, но и искажа жалење што токму на оваа средба неговите ракометари не ја прикажаа борбеноста која го краси Металург.

Честитки за ракометарите на Вардар. На овој натпревар ни недостигаше енергија. Металург е познат по својата борбеност и по својата енергија, но токму тоа ни недостигаше вечерва. Бевме малку спори и влеговме во нивниот ритам на игра. Тоа е тоа што ме уплаши, се друго може да се поправи. Голем дел од моите ракометари досега Вардар го гледаа само на телевизија, а сега играа против него“, вели Стојановиќ.

Прочитано 360 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 4