Данило Брестовац: Црвениот картон го добив за…сарказам

07.10.2018 19:08
ppd-met_-_5_original_resize

Иако се доби впечаток дека црвениот картон Данило Брестовац го доби поради приговор на судиска одлука, вистината сепак е поинаква.

Најпрво добив две минути од делегатот, апсолутно без причина. Стоев во мојот простор за тренер, свртен кон теренот. Двапати му реков – Благодарам – а тој тоа го протолкува како сарказам. Откако ги добив двете минути, му реков дека не е негова работа да ги цени моите зборови. После тоа тој ги викна судиите и побара да ми покажат црвен картон. Немаше сарказам во моите зборови, но и да имаше – ова е прв случај црвен картон да се добие за … сарказам. Всушност, делегатот во текот на целиот натпревар нешто им сугерираше на судиите“, резигнирано вели Данило Брестовац, кој важи за сталожен и спокоен тренер.

Прочитано 305 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 − 1 =