Данило Брестовац: Да не заборавиме – ние сме селекција од Б-дивизија

15.08.2019 01:20
Portugal-MKD-14.08.2019-WCH-U19-2152_resize

Македонија одигра добар натпревар против селекцијата на Португалија, но немаше сили да се избори за пласман во четврт-финале.

Селекторот Брестовац по средбата потсети дека Македонија е сепак репрезентација која се натпреварува во Б-дивизија и дека на ракометарите им фалат силни натпревари.

.

Сакавме да играме со Португалија. Ја избравме, мислев дека ќе можеме против нив. Видов дека ќе ни биде тешко против Германија и против Исланд. Имавме водство од еден гол, имавме шанса да славиме, но не успеавме да ја искористиме. На овие млади ракометари им недостигаат силни натпревари. Португалците се стандардни во своите клубови. Треба да бидеме среќни, ако од оваа генерација излезе уште некој потенцијал за А-селекцијата, покрај Серафимов, Костески и Кизиќ. Знам дека постои разочарување, но ако сме искрени, ние сме сепак селекција која се натпреварува во Б-дивизија и треба да тежнееме што побрзо да дојдеме до А-дивизија“, изјави Данило Брестовац.

Прочитано 62 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 − 2 =