Данило Брестовац: Денеска победи објективно подобриот противник

06.09.2018 01:49
GIL_0683_resize

По натпреварот Мешков Брест – Металург, се одржа редовната прес-конференција на која тренерите и одбраните ракометари од двата тима ги дадоа своите коментари за одиграната средба.

.

Данило Брестовац: “На денешната средба во добар дел од натпреварот, на технички и тактички план, го следевме темпото што ни го наметна противникот. За жал, тоа не ни успеа до крајот на средбата, особено што допатувавме со само 14 ракометари. Морам да истакнам и дека противничкиот тим е многу поискусен, па и поквалитетен, бидејќи во својот состав има цела низа на извонредни ракометари, а сето тоа на крајот и влијаеше на резултатот. Денеска победи објективно посилниот противник. Нам, пак, ни преостанува да ја продолжиме својата работа на физички и тактичко-технички план“.

Милан Лазаревски: “Сметам дека одигравме одлично прво полувреме, но во вториот дел противникот го засили темпото. Се додека имавме сили – се спротивставувавме, а потоа веќе не можевме и дојде до пад во нашата игра. Иако тренерот се обиде да не корегира, едноставно немавме сили да ги спроведиме неговите барања. Морам да истакнам и дека екипата претрпе многу измени во однос на ланскиот состав. Нас не чека доста работа, но сметам дека ќе бидеме се подобри, како што изминува сезоната. Убеден сум дека новиот тренерски штаб ќе најде начин оваа наша млада екипа да постигне високи резултати во тековната сезона“.

3884_resize

Маноло Каденас: “Минатата сезона ги следев натпреварите во СЕХА-лигата, иако бев во Аргентина. Среќен сум што сега сум во Брест во улога на тренер и учесник на турнирот. Секако, како главен тренер на екипата сакав успешно да дебитирам во ова регионално натпреварување. Ние сериозно му пристапивме на денешниот натпревар, но сметам дека во првото полувреме Металург беше подобрата екипа. Во вториот дел сето тоа се измени во наша полза. Металург е познато име во ракометниот свет, без разлика кој игра во неговиот состав и кој го раководи. Морам да истакнам дека сето ова за мене е ново искуство и јас сум среќен што имаме позитивен резултат од оваа средба“.

Симон Разгор: “Се до одморот нашиот противник играше одлично, а ние бевме нервозни и правевме глупи грешки. Ова за мене е прв натпревар во улога на капитен, бидејќи вистинскиот капитен и неговиот заменик денеска не беа во составот. На крајот, среќен сум што победивме и што трите бода останаа кај нас, а тоа е и најважно“.

_3910_resize

Прочитано 598 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + 9 =