Данило Брестовац ги одбра своите помошници

30.07.2018 15:33
brestovac-01_resize

Новиот шеф на стручниот штаб на РК Металург, Данило Брестовац, го комплетира тимот на своите соработници. Прв асистент ќе му биде Оливер Димитриоски, додека тренер на голманите ќе биде Петар Мисовски, кој и досега ја обавуваше оваа функција.

Со цел да се подигне кондициската подготвеност на играчите, се преговара со врвни светски кондициски тренери од кои ќе биде избран најсоодветниот.

Како што веќе јавивме, Металург ќе ги стартува подготовките за новата сезона на 6 август, кога е планиран и првиот собир.

Прочитано 426 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + = 9