Данило Брестовац го објави конечниот список за Рејкјавик

08.04.2019 22:21
IMG_5780-938x535

По вечерашниот тренинг, селекторот Данило Брестовац го објави конечниот список на ракометари за средбата со Исланд, што ќе се одигра в среда во Рејкјавик.

Во однос на претходниот список отпаднаа голманот Мартин Томовски, крилото Димитар Димитриоски и бековите Мартин Манасков и Мартин Серафимов.

За Рејкјавик ќе отпатуваат и тројца ракометари на Металург: Бојан Маџовски, Томислав Јагуриновски и Марио Танкоски.

За Рејкавик ќе патуваат голманите Митревски и Ристовски, крилата Поповски, Георгиевски, Манасков и Маџовски, дефанзивците Кукоски и Маркоски, бековите Лазаров, Јагуриновски, Талески, Кузмановски, Танкоски, и пивотмените Стоилов, Пешевски и Маркоски.

Натпреварот меѓу Македонија и Исланд се игра в среда, со почеток во 21.45 часот.

Прочитано 983 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 2 =