Данило Брестовац: И покрај се, мислам дека сме на добар пат и дека напредуваме

24.11.2018 22:13
_DSC0023_resize

По средбата Металург – Силкеборг, се одржа редовната прес-конференција на која тренерите и одбраните ракометари ги дадоа своите коментари.

.

Данило Брестовац: “Силкеборг е добар тим, знаевме што не чека на оваа средба. Тоа што мене ми засмета на овој натпревар е што моите млади играчи си дозволија 40 минута да се нервозни поради грешки во судењето. Нивна задача е да се борат во текот на сите 60 минути. Секако дека има луѓе кои имаат поголема компетенција да коментираат какво е нивото на судењето. Мораме да поработиме на овој детал, затоа што не смее на играта овие млади играчи да влијае судењето. И покрај се, мислам дека сме на добар пат и дека напредуваме. Мислам дека резултатот за мене во овој момент не е толку важен, колку што се аплаузите што ги собравме од публиката“.

“Целосно им верувам на Серафимов и на Јагуриноски. Тие се решение за македонскиот ракомет и македонската репрезентација. Некој пат треба и стоечки да се издржат вакви натпревари, па и да се губат. Се наоѓаме на вистинскиот пат и знаеме дека ќе добиеме играчи за нашата иднина. Јагурноски е роден 1998 година, Серафимов е 2000. Би потпишал да ги загубам сите натпревари, само Серафимов и Јагуриноски, заедно со Велковски, да станат играчи и бидат носители на играта на репрезентацијата како Кирил Лазаров. Но, што и да е, јас сум сигурен дека и двајцата ќе бидат од голема важност за македонскиот ракомет“, одговори Брестовац на новинарско прашање.

Мартин Серафимов: “Очекувавме дека на последниот натпревар на домашен терен ќе имаме поголема поддршка од трибините и поголем број на навивачи. Иако неколку судиски одлуки беа дискутабилни тоа не треба да биде причина за нервоза и за тонење на нашиот тим. Му честитам на противникот, а ние ќе се обидеме да одиграме подобро на следниот меч против Татран Прешов“.

“Повредата на Мартин Велковски е голема трагедија за нас. Што се однесува за Светското првенство (СП) во 2019 година, имам надеж дека ќе се најдам во националниот тим. Истовремено мислам и на Светското првенство за играчи родени во 2000 година, на кое треба да играм и кое ќе се одржи во Македонија, затоа што и на тоа првенство имаме големи амбиции. Како и да е, би било добро искуство ако јас играм на Мундијалот и бидам меѓу најдобрите“, одговори Мартин на поставеното прашање.

Петер Бредздорф-Ларсен: “Знаевме дека во Скопје нè чека тежок натпревар. Добро се подготвивме во изминатите неколку недели и добро анализиравме. Одигравме најдобро за да победиме. Среќни сме со победата, затоа што освоивме бодови и одморивме неколку играчи, што е од голема важност за нас, затоа што не чека голема борба за пласман во нокаут-фазата во Лигата на шампионите. Среќен сум што бев во овој историски град и се соочив со историски клуб каков што е Металург“.

Аљоша Резар: “Среќен сум, затоа што победивме и се уште се бориме за нокаут-фазата како први. Гледавме натпревари на Металург, се работи за еден добар тим, со млад ростер. Се надевам дека сите ракометари ќе останат уште долго време заедно, само така ќе дојдат резултатите“.

Фото:

Прочитано 128 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 6 =