Данило Брестовац: Им честитам на моите ракометари – дадоа максимум од тоа што можат

10.09.2018 01:36
_DSC0208_resize

По средбата Металург – Нексе, од третото коло на СЕХА-лигата, се одржа редовната прес-конференција. За жал, Металург и овој пат е поразен, па нашиот тренер Данило Брестовац чесно го призна поразот и му упати честитки на победничкиот тим. Металург никако да одигра еден натпревар во комплетен состав, а бројот на повредените играчи постојано расте… Во една таква ситуација, Металург не доби вистинска шанса да го покаже својот квалитет и забелеа три порази во изминатите три кола.

.

Данило Брестовац: “Сакам да и честитам на екипата на Нексе, бидејќи не надигра во секој поглед. На овој натпревар моравме да се потпреме на само 8-9 играчи, затоа и малку се обидував да експериментирам. Во обид да ја подобриме нашата игра, веројатно направивме и грешки. Јас практикувам побрза и помодерна игра, за разлика од тоа што го одигравме вечерва. За жал, немавме можност да одиграме побргу, бидејќи таква е нашата ситуација денес, кога имаме голем број на повредени ракометари. Бевме принудени да играме бавно во нападот, а тоа им одговараше на играчите на Нексе. Сепак, им честитам и на моите момци, кои одиграа на едно високо ниво и извлекоа макисмум од своите моментални можности. Ни недостасуваат неколку играчи, кога би биле во комплетен состав сигурно би пружиле повеќе против екипа каква што е Нексе“.

Мартин Серафимов: “Малиот број на играчи беше клучен за да не можеме да излеземе од овој дуел со позитивен резултат. Немавме можност за многу измени. Имавме ракометари кои по 60 минути трчаа по теренот и воопшто не се одморија. Се надевам дека повредените ракометари брзо ќе ни се вратат и дека конечно ќе можеме да бидеме поуспешни“.

Хрвое Хорват: “Многу се подготвувавме за овој натпревар. Знаевме дека Металург има проблеми со повредени ракометари и сакавме да го искористиме овој момент и да запишеме нова победа. Сепак, тие се добра екипа, го држеа натпреварот отворен до самиот крај, па затоа моравме да дадеме максимум за да ги извлечеме тие три бода од овој натпревар. Им честитам на моите играчи. Ни недостасуваше свежина по долгиот пат и затоа овие бодови се важни“.

Марио Томиќ: “Драматично беше до самиот крај на овој натпревар, кој беше отворен до последната минута. Имаше нервоза кај нас, а сме и изморени по двете долги патувања во Љубушки и во Скопје. Сепак, натпреварот го контролиравме во текот на сите 60 минути и заслужено заминуваме со трите бода“.

.

Фото:

Прочитано 257 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + = 11